Заев до ВМРО ДПМНЕ: ги уништивте сите фабрики, а ја обвинувате опозицијата!
ВМРО ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот на Струмица дека намерно ја уништувал фирмата Киро Ќучук, за да можела да работи фирмата Еленица.
- Заеви заедно со Киро Камчев го имаат мнозинскиот пакет на акции во Киро Ќучук и до денес немаат ниту денар вложено во фабриката ниту пак ништо сторено за да се подобри лошата состојба. Очигледно целта била поинаква. Киро Ќучук да не работи, а Еленица од Струмица да има доминантна положба на пазарот. Колку се зголемени приходите и производството на Еленица со неработењето на велешки Киро Ќучук, праша велешкиот советник од ВМРО ДПМНЕ Томе Јаневски.
Реакција од градоначалникот Заев
Веднаш реагираше градоначалникот Заев според кого очигледна е намерата на ВМРО ДПМНЕ со лажни наоди да се крева политичка фама. Да се однесе една фабрика во стечај во време кога на власт е ВМРО ДПМНЕ, а при тоа да се обвинува некој социјалдемократ, или Заев, или СДСМ како партија, е повеќе од дрско и безобразно, смета Заев
- Заеви, секој месец даваат 820 плати, тоа се огромни средства кои што се даваат на луѓе кои чесно ја работат својата работа, се што имаат купено, изградено и направено е во функција на давање на плати и плаќање даноци. Се што имаат купено работи и функционира.
Заев објаснува дека со купувањето на акциите од 24,8 проценти, изгубиле огромни пари, за да некој од власта си ги лечи своите хирови. „Еленица“ Струмица е веќе уништена фабрика благодарение на власта, како што се уништени повеќе од 90 проценти од фабриките во Македонија, вели градоначалникот.
Слично
