Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев до Хајндл: Нема време за чекање, да се дејствува брзо

Заев до Хајндл: Нема време за чекање, да се дејствува брзо

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев на денешната средба со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, порача дека нема време за чекање и дека мора да се дејствува брзо за исполнување на условите за фер и демократски избори.

Заев кажа дека на преговарачката маса се поставени конкретни чекори за исполнување на условите. Според него, можно е решение наскоро, ако за тоа има политичка волја.

„И за избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а кои може да не зависат од политичките партии“ –  изјави Заев.

На средбата со Хајндл е заклучено и дека Македонија почна да ги чувствува првите последици од пролонгирањето на политичката криза. Воедно е кажано дека сите страни мора да покажат волја за регуларни предвремени парламентарни избори.

Само со фер избори државата и граѓаните ќе одат напред.

Слично

Поврзани вести