Заев: Дијаспората да гласа, но со одредени измени во системот
Од опозициската партија СДСМ, сметаат дека дијаспората треба да има право на глас на изборите, но неопходно е да се направат одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на партијата Зоран Заев.
– Нашинците во странство, кои им помагаат на своите семејства, но и индиректно ја крепат и економијата на државата, треба да имаат можност да влијаат и на процесите во државата. Затоа предлагаме решенија што ќе гарантираат демократски промени во гласањето на дијаспората и ќе бидат во интерес на сите граѓани – рече Заев
Слично
