Заев: денешните снимки се доказ зошто затворите се полни со политички затвореници
Зоран Заев на денешната прес конференција објави пет телефонски снимки во кои, според Заев се разоткрива начинот на кој функционира македонското судство. На снимките, вели Заев, можат да се чујат разговори на министри, политичари, новинари, како зборуваат за начинот на поделба на судските места, за конкретни судски одлуки, се забележува како министрите влијаат директно врз одлуките на судиите.
Според Заев тоа е„ грозно, открива зошто се полни затворите со политички затвореници, како се местат судски пресуди против новинар кои не се со власта, и против секој што не е со власта.
Прекршени се уставот и законите кои се однесуваат на владеење на правото, поделбата на власта на извршна и судска. Еве кој го урнисал уставниот поредок. Нема владеење на правото и правната држава“, изјави Заев на крајо од својата прес конференција.
Слично
