Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денес ќе и ги достави материјалите од „бомбите“ на обвинителката Јанева

Заев денес ќе и ги достави материјалите од „бомбите“ на обвинителката Јанева

Пред неколку дена од специјалното јавно обвинтелство побараа од опозицијата и лидерот Заев да ги достават материјалите од незаконското следење на комуникациите.

Заев денеска во 15 часот би требало да ги достави материјалите според соопштението од неговиот кабинет.

„Повторно укажуваме дека ние очекуваме материјалите да ни бидат предадени и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова Јавно обвинителство. Појаснуваме дека соработката со субјектите до кои се обраќаме, без оглед за кого станува збор,  е отежната и во оваа насока наш конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од наша страна, ќе биде соопштен во средината на јануари“, соопштија од кабинетот на Катица Јаева пред пет дена.

Имено,  покрај ваквата состојба на отежната соработка, оттаму известија дека во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои известен напредок во истите, но во овој момент не сме во можност да соопштуваме детали, а сето во интерес на истрагата.

Од специјалното обвинителство апелираа за воздржување до сите субјекти од етикетирање на Јавното обвинителство и негово ставање во функција на реализација на различни политички и други цели, бидејќи најважно во овој момент е спроведување на независни и професионални истраги, во рамки на кои доследно ќе се почитуваат начелата на тајност на предистражната постапка, објективност и легалитет во постапувањето.

Слично

Поврзани вести