Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Делата на браќата Кирил и Методиј нé обврзуваат на почитување на универзалните вредности

Заев: Делата на браќата Кирил и Методиј нé обврзуваат на почитување на универзалните вредности

Одбележувајќи го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значење на почитувањето на универзалните, културни и човечки вредности кај луѓето, се истакнува во честиткате од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 24-ти Мај - Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.

Заев во свое лично име и во име на најголемата опозициска партија честитајќи го големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура, посочува века и дека „Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје. Придобивките коишто ги жнееме денеска, почитувајки го јазикот, писмото и културата, се огромен влог со којшто нè задолжија сите нас“. Преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, браќата Кирил и Методиј, ја направија Македонија лулка на словенската култура и писменост, испишувајќи со тоа светли страници од македонската културна самобитност, порачува Заев.

„Големите дела на враќата Кирил и Методиј нé обврзуваат сите нас, втемелените патеки на културно издигнување со меѓусебно разбирање и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме како вредности на нашето општество“. се вели во честитката на Заев.

Слично

Поврзани вести