Заев дел од „бомбите“ му проследил и на Бојко Борисов и на странски политичари
Лидерот на опозицијата Зоран Заев им делел од аудио снимките или така наречени во јавноста „бомби“ и на странски политичари.
Меѓу нив е и бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува Дневник.
На почетокот на месец февруари 2015 година Заев почна да емитува јавно на прес-конференции снимки од разговорите на водечките македонски јавни личности, вклучувајќи и министри од кабинетот на Никола Груевски.
Според Заев во земјата биле прислушувани над 20 000 лица. Власта во Скопје пак го обвини Заев дека им служи странски сили и има за цел да ја собори владата на незаконски начин.
Заев ја нарекуваше секоај емитувана снимка бомба. Заев снимките кои му ги предал на Борисов, се однесувале за работата на вработените од бугарската амбасада во Скопје, како и нивните навики после работа. Дел од нив сепак се однесувале на интимните односи на амбасадорот на ЕУ во македонската престолнина Аиво Орав, кој имал односи со С.Ш од Софија. Потсетуваме дека Зоран Заев ја посети Софија на 29 мај минатата година. Тогаш тој беше примен од Борисов и имаше средба во седиштето на БСП.
