Заев:Да се обединат граѓаните за спас на Македонија
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска повика на протести и обединување на сите граѓани, за да се спаси Република Македонија.
Сите граѓани, да се приклучат на сите протести коишто во моментот се организирани на повик на граѓанските организации за повторно Македонија да биде нормална земја.
„Со нашите организации и повици на организирана форма на избори веднаш штом ќе ги донесеме одлуките ќе ги соопштиме, но ќе има такви одлуки, заради тоа што протестите се една од најизвесните работи коишто СДСМ како најголема опозициона партија ќе ги преземе во спрега на сите опции коишто ни стојат на располагање. Денеска ќе има и дурги активности, јас ќе оставам тие активности да ги соопштат другите наши претставници пред вас новинарите и соодветно да бидете информирани за сите овие активности. Во меѓусебна координација и комуникација сме со претставнците на меѓународната заедница, паралелно заедно со другите политички партии во Република Македонија, за да покажеме прво трезвеност, посветеност и внимателност кон целиот овој процец„- рече Заев.
Излез од целава оваа ситуација според него е можен по пат на регуларни, фер и демократски избори.
