Заев: Четири години затвор за даночно затајување во случајот „Македонска банка“
Само за даночно затајување во случајот „Македонска банка“ Никола Груевски направил дело коешто, согласно кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната пресконференција.
„Сите во Македонија можат да претпостават дека примањето кеш и притоа избегнувањето плаќање данок кон државата е пракса којашто продолжила кај Никола Груевски како претседател на ВМРО ДПМНЕ и од кога станал Премиер на Република Македонија. Сѐ почнува од криминалниот модел што го воспоставил Никола Груевски и оттогаш наваму се шири тој за него успешен модел, којшто денес финансиски ја клекна на колена Република Македонија“, изјави Заев.
Тој го повика Груевски да понесе одговорност заради скандалот во кој лидерот на ВМРО ДПМНЕ наводно зел 1,5 милиони евра кеш за продажбата на „Македонска банка“.
„Ќе се повлечеш и ќе признаеш дека си длабоко забразден во криминал или да продолжам да излегувам пред јавноста и да ја покажувам твојата бесконечна игра со кеш“, се закани Заев.
Слично
