Заев бил под ПИМ мерки, кој ги пуштил снимките во јавност?
Реагирајки на последните конференции на опозицискиот лидер Заев, премиерот Груевски денеска излезе на прес конференција на која зборуваше за за случајот „Пуч“.
Тој рече дека не прифатил техничка влада под притисок на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Се шпекулираше дека сме прифатиле техничка влада. Ако прифатив, зошто не се вратија во Собрание – посочи Груевски.
Потенцираше дека побарал посебни истражни мерки (ПИМ) за лидерот на СДСМ, откако пријавил во полиција и тоа било сторено со обвинителен акт.
Премиерот истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар, кои биле високопрофесионално обучени за такви дејства и дека Македонија била цел на прислушување на странска разузнавачка служба.
– Снимано било со тактичка опрема. Откако Зоран Заев упати зкани кон мене, МВР ангажраше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу два километри, но, главно, се одвивала низ центарот на Скопје, околу државните институции – рече Груевски.
Тој додаде дека опремата за прислушување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова сè уште трае.
– Македонија била цел на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 година, за овие материјали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следи судска постапка – посочи Груевски на прес-конференцијата.
Во однос на тоа кој ги снимал телефонските разговори, Груевски рече дека лицето З.В. врбувало две лица кои му помогнале во снимањето на материјалите, за што добиле паричен надомест.
– Двете лица го признаа делото. Лицето Ѓ.В., кое вршело висока функција во МВР, откако се соочило со казните на МВР и на Обвинителството за стореното кривично дело, го признало делото и рекло дека З.В. го врбувал лицето З.К., кој бил најискусниот инженер во МВР – изјави Груевски на денешната прес-конференција и заклучи дека „со ова паднале во вода обвинувањата дека владиниот врв стои зад прислушувањата“.
(Извор: Мета)
