Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев бара преодна влада за фер избори

Заев бара преодна влада за фер избори
На своето обраќање во Универзална сала, вечерва, лидерот на опозицијата Зоран Заев побара да се формира преодна влада која ќе организира фер и демократски избори. ,, Обврска на преодната влада ќе биде да обезбеди целосно одвојување на власта од институциите и нивно департизирање по сите линии како основен предуслов за демократски избори. Ќе мора веднаш да започне јавна, транспарентна и непристрасна истрага со вклученост на меѓународната заедница”- истакна Заев. Опозиционерот Заев нагласи дека Владата веќе нема легитимитет и му порача на премиерот Никола Груевски да не мисли да се заканува и уценува. ,,Оваа Влада повеќе нема легитимитет, оваа Влада повеќе не е Влада на Република Македонија. Барам Владата на Груевски, јавниот обвинител Зврлевски, раководниот тим на МРТВ веднаш да поднесат оставка.“ рече Заев.
Слично

Поврзани вести