Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев бара поддршка од дијаспората во Швајцарија

Заев бара поддршка од дијаспората во Швајцарија

Деновиве лидерот на опозицијата Зоран Заев е во тирдневна посета на Швајцарија.

Тамошните иселеници на синоќешната трибина тој ги повикал заедно да се вклучат и да и помогнат на Македонија.

На дебатата, во салата Крусал, на тема “Иднината на Македонија“ присуствувале околу 1000 граѓани од дијаспората, пишува во соопштението на опозицијата.

Претседателот на опозицијата Заев ги објаснил услови за живот поради коишто се поголем број, главно млади луѓе, принудно си заминуваат од Македонија.

-Во колапс се сите основни ресори што директно ги засегаат граѓаните: нема средства за лечење по болниците - лекарите ни заминуваат, пензискиот фонд е празен - пензии и плати се обезбедуваат преку кредити што ќе треба да ги враќаат генерации по нас, нема образован систем – од експериментите плачат и децата и родителите, страдаат и наставниците, земјоделецот е навлечен на големи кредити - а не ги добива навреме субвенциите што му се загарантирани со закон. Најголем дел од граѓаните се на работ на сиромаштијата. Додека власта ја задолжува државата за споменици, не за да ја развива културата туку за тесно-партиски бизнис интереси, граѓаните се свиткани под скапиот и неподнослив живот. Невработеноста е голема, заработувачката не ги покрива елементарните дневни трошоци за преживување. Најголем дел од медиумите се окупирани од страна на власта, со што на луѓето им е одземено правото да ја знаат вистината, изјавил Заев.

-СДСМ е пред еден од најсериозните предизвици досега, прво да ја врати слободната волја на граѓаните и демократијата, а потоа и да ги реши внатрешните и надворешните проблеми на граѓаните и државата. На тој пат сме тргнати цврсто и решително и нема да попуштиме додека не го вратиме достоинството на граѓаните и на Република Македонија. Затоа ни се потребни партнерства и подаваме рака кон сите што и мислат добро на државата, заедно да ги направиме промените во Македонија, рекол Заев.

Заев ги појаснил 5-те теми преку коишто СДСМ предлага да се надмине политичката криза по двојните нерегуларни избори и од коишто опозицијата нема намера да отстапи. Рекол дека СДСМ е државотворна партија којашто помогнала на државата во клучни моменти и дека никогаш нема да дозволи да биде загрозен македонскиот национален идентитет.

За спорот со Грција напоменал дека ставот на СДСМ е јасен пред јавноста, дека прашањето мора да се реши единствено преку широк општествен и политички консензус.

-Сме успеале да го подобриме квалитетот на животот во татковината, тогаш кога иселениците ќе почнат да носат одлуки да се вратат во Македонија, изјавил Заев на трибината со иселениците во Локарно.

Тојво рамки на тридневната посета на Швајцарија имал и средба со  претседателот на Социјалистичката партија на кантонот Тичино, Мануел Бертоли.

Делегацијата на СДСМ присуствувала и на фудбалскиот натпревар во Аскона, на којшто  играше фудбалскиот клуб “Македонија” од Швајцарија.

Слично

Поврзани вести