Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев бара оставка од Иванов веднаш

Заев бара оставка од Иванов веднаш

„Ѓорге Иванов денеска го заокружи државниот удар врз Македонија.

Ова е државен удар.

Криминалната банда на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се спаси од злостроството и криминалот што и го направија на сопствената земја и граѓани.

Барам оставка од Иванов веднаш. Ако тоа не го стори во наредните денови државата ја доведува во вонредна состојба на граница на експлозија .

Тој посочи Собранието веднаш да биде свикано и да се покрене постапка за отповикување на Ѓорге Иванов.

Од денес нема прана држава, го погазија и погребаа договорот од Пржино, рече Заев.

Јас ниту барав ниту сакам амнестија , порача Заев.

„Не се сите криминалци, не ја прифаќам оваа одлука. Јас Зоран Заев ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок, на улици на протести по градови и села. Или Груевски или Македонија – рече Заев.

Заедно со граѓаните застануваме на страната на Македонија.

Од денес со граѓаните ќе го вратиме правото и правната држава“, изјави опозицискиот лидер предмалку.

Тој ја повика и ВМРО-ДПМНЕ да дојде во Собранието и ако Иванов не даде остава да гласаат за негово разрешување.
Наскоро повеќе детали за чекорите што ќе ги преземе СДСМ.
Слично

Поврзани вести