Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев бара Иванов да ја повлече аболицијата која ги разгневи граѓаните

Заев бара Иванов да ја повлече аболицијата која ги разгневи граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заедно со членката на Извршниот одбор на СДСМ и  на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рената Дескоска, денеска се сретна со Штефан Шенах, шеф Делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тие разговарале за политичкате криза во Македонија, за тоа дека нема услови за фер и регуларни избори и за одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција на политичари.

„Избирачкиот список не е прочистен, медиумски реформи не се спроведени, партијата не е одвоена од државата. Кулминација на погазувањето на Договорот од Пржино од страна на власта е срамната одлука на вршителот на функцијата претседател на државата, Иванов, за аболиција, поради што незадоволството на граѓаните се излеа по улиците. Решение за ситуацијата е повлекување на незаконската одлука на Иванов и организирање и реализација на фер и регуларни избори на коишто ќе биде избрана кредибилна Влада“ - кажа Заев.

Заев е категоричен дека на Македонија и требаат фер и регуларни избори, на кои сите партии ќе учествуваат. Партијата поддржува протести, но тие да бидат мирни.

Слично

Поврзани вести