Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Банките да не ја купуваат обврзницата поради идните генерации

Заев: Банките да не ја купуваат обврзницата поради идните генерации

Зоран Заев, лидерот на СДСМ пред Летниот камп на СДММ „Боите на револуцијата“, што се одржува во Охрид  се осврна и на одлука на Владата за емитување на нова евро-обврзница од 650 милиони евра.

„Јавно апелирам и замолувам и до „Сити Банк“, и до „Дојче банка“ и до сите потенцијални купувачи на обврзницата. Во името на децата на граѓаните на Македонија да не ја купуваат оваа обврзница ако сакаат да имаат разбирање за сите идни генерации во Република Македонија“ - кажа Заев.

Вели дека безобразието е толку големо од страна на власта, ниту се обидува да го презентира транспарентно расходниот дел на тие пари.

„Каде ќе одат тие пари? На купче велат за враќање на недоспеани и серфисирање на дефицитот за оваа и наредната година. Приказни за мали деца. Тоа е недозволиво и ние ќе направиме се тоа да го спречиме. Ова е почитувани млади луѓе финансиско злосторство врз вас младите и тоа не смееме да го дозволиме. Ова е нов вид на злосторство, така наречено финансиско злосторство. Да се дрзне некој да оди вака бесрамно во ново задолжување од 650 милиони евра, ние тоа не смееме да го дозволиме. Од тие причини јавно апелирам преку овие камери, власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на не повеќе од 250 милиони евра. За тоа и ќе се потрудиме да имаме разбирање“ - изјави Заев.

Тој е со став дека Владата треба да ја коригира одлуката и да не биде повеќе од 250 милиони евра. Заев вели дека ќе направат сè за да го спречат овој процес.

Слично

Поврзани вести