Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Аплицирајте, нема да ви дојде контрола

Заев: Аплицирајте, нема да ви дојде контрола

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика малите и средните претпријатија да аплицираат за државната помош за поддршка и дека не се точни тврдењата дека доколку истата ја добијат на апликантите им тропа инспекција на врата. Премиерот вели дека има повеќе причини за големата неискористенот на средствата за државни субвенции.

-Еден дел е неверувањето и стравот на луѓето дека тоа е само политика и е комплицирано и доколку аплицираат нема да им дадат и не аплицираат. Вториот дел е дека ќе дојде некоја контрола и ќе направи контрола на фирмата и не може да се добијат. Денес разјаснивме некои работи:кога се аплицира не доаѓа контрола, не треба да се плашат и парите се 70 милиони евра и жално е да останат неискористени. Неуспешна е Владата во реализацијата на тие пари, одговори Заев.

Минатата недела Американската стопанска комора во Македонија реагираше дека откако откако нејзините членки ќе побараат поврат на ДДВ за донираните средства, обично се соочуваат со вонредни инспекциски контроли.

“Многу често се случува кога компанијата ќе донира за општествено корисен проект и ќе побара ДДВ, да се изложат на дополнителни ревизии, дополнителни инспекции. Така да, во таа ситуација малку се чувствуваат како казнети за тоа што придонеле кон општеството и тој тренд мора да го сопреме и мора да го смениме. Треба компаниите кои што инвестираат во општеството да добијат и признанија, да добијат и даночни олеснувања, а не да се третираат како криминалци кои што се обидуваат нешто да скријат или да затајат”, изјави тогаш Дијана Десподов, извршна директорка на Американската стопанска комора во Македонија.


Слично

Поврзани вести