Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев, Анѓушев и Деспотовски даваа грантови, ФИТР вели дека овој пат се е регуларно

Заев, Анѓушев и Деспотовски даваа грантови, ФИТР вели дека овој пат се е регуларно

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев посебно им честитаа на сите 65 компании кои денеска добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој во висина од 824 милиони денари во вториот инвестициски бран на Фондот за иновации и технолошло развој.

Првиот инвестициски бран, оној јулскиот, кога беа доделени 1,15 милијарди денари за 79 претпријатија, мина „неславно“ откако медиумите открија дека во сопственичката структура на конкурентите има државни функционери и блиски до нив.

Овој пат од ФИТР објавија дека сите 65 компании се проверени и во нивната сопственичка структура нема поврзаност со носител на јавна функција. 

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, тврди дека секоја од фирмите која е добитник на одредена финансиска помош доставила документ за сопственичката структура, односно потврдила дека не е поврзана со носител на јавна функција.

“Сите компании кои се дел од вториот инвестициски бран имаат доставено изјава за сопственичка структура што ја воведовме како новина со протоколот за проценка на ризик. Сите имаат доставено изјава во којашто пишува дека нема носител на јавна функција во сопственичката структура,” изјави денес Деспотовски.

Од тогашните 77-те компании добитници на грантови од Фондот, четири се изјаснија дека се поврзани со јавни функционери.


Слично

Поврзани вести