Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Аферата пасоши покажа дека нема институции

Заев: Аферата пасоши покажа дека нема институции

„Овие денови гледате и еден медиум објавува афера за издавање на пасоши во приватни станови, коишто сите знаеме како можат да бидат искористени. Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостасува пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, согласно законот. Таа е должна на внимателен начин да испорача професионалност и стручност дека сето тоа ќе се провери, ќе се види веродостојноста, а не уште првиот ден да вели монтажа“, изјави на синоќешната трибина лидерот на опозицијата обраќајки се пред граѓаните на Гостивар.

Заев ги прашува надлежните кога провериле дека е монтажа и кога виделе дали е монтажа видеото кое го објави „Фокус“.

-„Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува што тоа се случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади Фокус, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека се е партија, нагласи Заев.

„Афери излегуваат секој ден и тоа не може никој да го спречи. Тоа е резултат на нивното работење. Најверојатно морале така да се постават во државата и од денеска веќе гледате како на секој чекор се случуваат афери. Дел од нив сами продуцирани од нивните министри,  дел ги вадат медиумите,  оние малку што не се под контрола на власта. Но, огромен дел од граѓаните се охрабруваат и доставуваат информации, и кај нас како опозиција, доставуваат и кај медиумите, потенцираше лидерот на опозицијата.

Тој на граѓаните им порача да се охрабрат  и рамо до рамо, во периодот којшто претстои, на добро осмислен и внимателен начин, верувајќи во успешноста на тоа што ќе го прават повторно да ја вратат слободата и демократијата во Македонија!

Слично

Поврзани вести