Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Аболицијата мора да биде целосно поништена

Заев: Аболицијата мора да биде целосно поништена

„Рековме дека избори на 5 јуни нема да има и тоа се докажа. Реквоме дека има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот и тоа се докажа . Бетонот на ВМРО-ДПМНЕ се распадна“, вака Зоран Заев ја започна прес конференцијата пред малку.

„За да го покријат срамот и даго смират гневот на членовите кои што ги лажат вчера донесоа уште една еднострана одлука без согласност на опозицијата.

Сите еднострани одлуки кои ги донесоа досега сами ги погазија .

Едностраната одлука да ја вратат старата влада исто така сами ќе ја погазат.

Враќањето на старата влада на ВМРО и ДУИ е без согласност на опозицијата.

Денеска претаениците на опозицијата нема да присуствуваат на седницата на Собранието.

Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат закони кои се спротивни на интересите на граѓаните, на државните интереси и на договорот од Пржино. Повторно носат еднострани одлуки . Главна цел е да ги спасат криминалците во своите редови. Не може да има селективно поништување на аболицијата. Не смее понишѕувањето на аболицијата да зависи од волјата на Ѓорге Иванов или од барањето на аболицирани поединци“, рече Заев.

Тој посочи дека „Аболицијата мора да биде целосно поништена.Законот мора да важи подеднакво за сите. Граѓаните мора да бидат уверени дека секој што го прекршил законот ќе го одговара“.

„Макдонија ќе има предвремени, регуларни, демократски и фер избори. Зборот си е збор“, вака опозицискиот лидер ја заврши прес конференцијата.

 Во однос на изборите, запрашан кога би можеле да се одржат, Заев не прецизираше датум, но повика дека избори се можни само со чист список во кој граѓаните ќе веруваат и со реформи во медиумите. За СДСМ Договорот од Пржино е погребан затоа што извршен е упад во Владата чија мисија беше да спроведе избори. Сега со едностраната одлука власта ја укина таквата влада и си донесе свои кадри.

Слично

Поврзани вести