Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Тргнуваме во победа!

Заев: Тргнуваме во победа!
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на партискиот конгрес на СДСМ го соопшти предлогот Стево Пендаровски да биде кандидат на оваа партија за претстојните претседателски избори. Предлогот беше дочекан со аплауз од делегатите на конгресот. Присуствуваат 533 од вкупно 727 делегати, или 73%. „Тргнуваме во победа што че ја врати слободата, по тој пат ќе чекориме да го вратиме достоинството. Иванов рече: „По март доаѓа април“. А ние велиме - по април доаѓа нова влада предводена од СДСМ и вистински претседател каков што заслужуува Македонија“, изјави Заев. Според него, Пендаровски е човек од народот, мудар човек кој има углед во Македонија и во светот и кој ќе ги претставува сите граѓани без разлика на нивната припадност. Заев ја обвини Владата на Груевски за влошена економска состојба и загрозени медиумски слободи. „Македонија е зад Србија, Босна и Косово. Благодарение на Груевски, Македонија стана најголем балкански лузер. Денеска владее сиромаштија, 400 илјади луѓе ја напуштија државата“, рече Заев. Делегатите на конгресот во овој момент гласаат за кандидатурата на Пендаровски.
Слично

Поврзани вести