Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заемот 90 милиони евра е наменет за гасификација, но ќе може да се користи и за буџетска поддршка!

Заемот 90 милиони евра е наменет за гасификација, но ќе може да се користи и за буџетска поддршка!

Владата сепак ќе се задолжува 90 милиони евра кај Дојче Банк и Ерсет банк, за гасификација, и покрај тоа што Светска банка покажала интерес за финансирање на истиот проект што се однесува на делниицте од Штип- Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.

Министерот Ставрески ја потврди информацијата дека парите за првата и втората фаза од гасификацијата на делницата Штип Неготино -Битола и делницата Скопје -Тетово-Гостивар ќе се обезбедат преку Дојче Банк и Ерсте банк, а на овој чекор се одлучиле поради побрзата процедура .

Согласно направената анализа на доставените понуди за финансирање, заедничката понуда од Deutsche Bank и Erste Group Bank е најповолна во споредба со понудите на останатите банки“ објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

Парите може да се користат и за буџетска поддршка?

Реализацијата на оваа прва фаза од  проектот треба да почне од 2015 година и да заврши во  2019 година. А во предлог законот Владата предвидува дека парите што ќе се земат како заем за гасификација во одредени околности ќе може да се користат за буџетска подршка.

„Користењето на средствата ќе се врши согласно планот за повлекувања на средства од заемот, утврден во Договорот за заем, а во случај кога планот за повлекување на средствата ќе отстапува од динамиката на реализација на проектот, средствата ќе се користат за буџетска поддршка“, се наведува во предлог законот.

Рокот на отплата на заемот е 7 години со вклучен грејс период од 3 години.

„Каматната стапка ќе се пресметува како збир од 6м EURIBOR +· маргина од 450bps. Договорот за заем предвидува можност за фиксирање на каматната стапка до крајот на периодот на отплата на заемот, при што истата ќе се утврди на денот на потпишување на договорот како збир од маргината од 450bps и варијабилен спред кој ќе се пресметува како збир од 5 годишен своп за евро валута и 0,40%, објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

А како дополнителни трошоци се предивдени и тие што  по склучување на Договорот за заем, а пред првото повлекување на средства, ќе се плати еднократна провизија во износ од 1,50% од вкупниот износ на заемот. Додека на  износот на неповлечените средства од заемот ќе се плаќа провизија во износ од 2,47%.

Парите што државата ќе ги земе со овој заем, потоа ќе се препозајмат на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, компанија која треба да го имлементира  овој проект. Надзор над работата и реализацијата на проектот ќе врши Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии, Минстерството за транспорт и врски и Македонски енергетски ресурси АД Скопје ќе склучат посебен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во имплементацијата на проектот.

И Светска банка се интересирала за проектот

Министерот Ставрески ја реши дилемата и потврди дека и Светска банка покажала заинтересираност но сепак владата одлучила задолжувањето да се направи кај двете комерцијални банки,бидејки процедурата е побрза а динамиката предвидена со првата и втората фаза не може да чека.

Документот до кој дојде „Фактор“ преку извори во ресорните министерства, ја покажува заинтерсираноста на Светска банка да го финансира проектот „Гасификација за делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје -Тетово-Гостивар.“ Писмото од Светска банка, упатено до министерот за финансии Зоран Ставрески е испратено на 11 јуни годинава, а потпишано од Горан Тијаниќ.

IMG_1926 IMG_1927

Во дописот е наведено дека оценките на Министерството за финансии биле дека на краток рок, главниот двигател на побарувачката на гас по двете делници се очекува да биде индустрискиот сектор, особено во индустриите што во моментот користат лигнит и мазут во нивните производствени процеси, како и фабриката за Неготино. На среден рок, како ќе се развива дистрибуцијата на гасоводните мрежи за станбени и комерцијални објекти, се очекува да дојде до зголемување на побарувачката на гас. Понатаму, се потенцира дека должно внимание треба да се утврди на одржливост на овие гасоводни делици.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/15/dilemi-svetska-banka-sakala-da-ja-finansira-gasifikatsijata-no-vladata-se-odluchila-za-delovni-banki/" target="blank" ]ДИЛЕМИ: Светска Банка сакала да ја финансира гасификацијата, но Владата се одлучила за деловни банки?![/button]

Слично

Поврзани вести