Заедно со синот си одгледувале марихуана во дворот
Полицијата уапси Кумановец кој заедно со синот одгледувале канабис во нивниот двор.
По извршениот претрес, на нивниот имот во селото Табановце, полицијата пронашла 71 стебло на канабис и 4 килограми марихуана.
Пронајдени се и кутии со семки од растението канабис сатива, воздушна пушка и куршуми.
Таткото и синот си создале ,,фамилијарен бизнис” од производство и продажба на марихуана. Ним им се одземени и алатите за одгледување и обработување на растенијата.
Инаку, и двајцата веќе имаат издржувано казна затвор. Синот бил во затвор за недозволена трговија со дрога, а таткото за загрозување со опасно орудие при тепачка и за измама.
Слично
