Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕДНИЧКО ПРИВЛЕКУВАЊЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО БЕЛГРАД, А ЗА ЗАЕДНИЧКО СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО СОФИЈА

ЗАЕДНИЧКО ПРИВЛЕКУВАЊЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО БЕЛГРАД, А ЗА ЗАЕДНИЧКО СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО СОФИЈА

Бизнисот во земјава по кој знае кој пат покажува дека може да биде успешен и да пронајде патишта за функционирање дури и во тешки времиња. Но Владата мора секогаш да го поддржува и да изнаоѓа начини за решавање на проблемите, како што е во моментов високата цена на енергенсите на светските пазари. 

Со иницијативата Отворен Балкан се реализираа токму тие бизнис очекувања, а Делегација на Стопанската комора на Македонија беше присутна 0на првиот Меѓународен саем за вино, храна и за туризам „Wine Vision by Open Balkan“, кој се одржа во Белград. 

Но, како што објаснуваат од Комората во текст објавен на нивната веб стграница, Комората паралелно ги следи и состојбите со енергетска криза и со даночната реформа, во обид да се најдат алтернативи за бизнисот.

ОТВОРЕН БАЛКАН

За иницијативата Отворен Балкан и колку е таа важна за бизнисот доволно говори фактот што само на првиот ден од Саемот во Белград, се организирале дури 420 состаноци на стопанственици. 

А, она што вреди да се истакне, е дека две наши винарници добија престижни награди, како што се „Камник“ и „Тиквеш“ за нивните вина, доделени токму од Српската премиерка Ана Брнабиќ. А  дури 43 македонски винарници учествуваа во Белград на првиот Саем за вино, храна и за туризам „Wine Vision by Open Balkan“, кој се одржа од 1 до 4 септември 2022 година.


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески имаше бројни средби на Отворен Балкан.

Наградата на Вучиќ, Рама и на претседателот на Владата Ковачевски им беше врачена во рамките на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид во јуни. Оваа прилика се искористи за да му се додели Наградата и на Зоран Заев, еден од творците на иницијативата, кој не беше присутен во Охрид.

За време на работниот дел на „Отворен Балкан“, на кој беа договорени следните чекори за развој на иницијативата и на кој присуствуваа уште двајца премиери – на Црна Гора и на Босна и Херцеговина – и двајца министри за надворешни работи на земји кои не се во иницијативата – на Турција, Чавашоглу, и на Унгарија, Сијарто.

Пред почетокот на работниот дел Азески имаше срдечна средба со американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, и со потпретседателот за евроинтеграции на македонската Влада, Бојан Маричиќ.

Со министерот за економија, Крешник Бектеши, на македонската вечер Азески разговараше за проблемите со струјата и со енергенсите.

Додека се одржуваше „Отворен Балкан“, претседателот Азески даде интервјуа за МРТВ и за 24 ТВ, на кои зборуваше за актуелните состојби со струјата, за даночните реформи и за другите проблеми со кои се соочува македонскиот бизнис.

Дестици компании ставија клуч на врата, уште толку се во најава, енергетската криза удри на бизнисот. Се бара помош од државата, а на државата и недостигаат милијарда евра. Токму за овие проблеми говореше Азески, нудејќи солуции како би можело полесно да се надминат проблемите.

Освен за енергетска криза, Азески говореше и за најавената даночна реформа, за задолжувањата на државата и за економските предизвици пред кои е исправена Македонија.

Слично

Поврзани вести