Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

Министерот за економија Крешник бектеши, по работната средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер сијарто, објави дека Македонија и Унгарија координирано ќе настапуваат против дополнителната такса што ја воведе Бугарија на рускиот гас.

Ма состанокот на кој се договори заедничката координација на Македонија и Унгарија за идните чекори за даноците за рускиот гас од Бугарија присуствуваа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и директорот на „Номагас“, Бајрам Реџепи.

- Тема на средбата беше данокот на рускиот гас што го постави Република Бугарија Целосно сме посветени на решавање на проблемот со Бугарија да го оданочува рускиот гас и изнаоѓање заедничко решение преку координирана акција на сите засегнати страни. Северна Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на проблемот.

Се договоривме и за заедничка координација на владите на Северна Македонија и Унгарија за преземање конкретни активности за гарантирање на енергетската безбедност на двете земји и безбедноста на снабдувањето со гас, објави Бектеши.


Слично

Поврзани вести