„Заедничката историја“ и “Говорот на омраза во Македонија“ во предизборната програма на ГЕРБ на Бојко Борисов
„Заедничката историја“ и „Говорот на омрза во Македонија против Бугарија“ се најдоа во предизборната програма на ГЕРБ, владеачката партија на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, која е со најголеми шанси за победа на претстојните парламентарни избори.
ГЕРБ најавува дека ќе ја поддржи евроинтеграцијата на нашата држава, но ќе инсистира на исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година и на запирање на говорот на омраза.
„ГЕРБ ја поддржува евроинтеграцијата на сите шест земји од Западен Балкан. Ја поддржуваме и Република Северна Македонија околу членството во ЕУ и настојуваме да се испочитуваат Договорот за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и запирањето на говорот на омразата. Нашата заедничка историја треба да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. За нас е важно европскиот пат на Албанија да минува преку гарантирањето на правата и на интересите на булгарското малцинство“, стои во програмата на ГЕРБ.
Таму како резиме од тековниот мандат е наведено дека политиката на партијата и во претходните години била „добронамерна, но со тврди позиции и дејствија, не прифаќајќи го јазикот на омразата и фалсификувањето на историската вистина“. Од таму најавуваат дека ќе продолжат со политиките на зачувување на правата и интересите на „Бугарите во регионот“.
„Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме промоцијата и проширувањето на нивните активности за зачувување на бугарскиот идентитет – јазик, култура, дух и традиции. Ќе воспоставиме стипендии за подобрување на познавањата на бугарскиот јазик не само кај учениците, туку и кај студентите од бугарските заедници во странство. Ќе создадеме единствено тело за да ги покриеме сите аспекти на односите меѓу бугарската држава и нашите сонародници во странство“, се вели во програмата.
Се нуди и активна помош на бугарските телевизиски оператори во странство и и поголема активност на бугарските културни центри.
