Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДУТРЕ СЕ ОТВОРА ЕВЗОНИ: За патување во Грција мора да се почитуваат протоколите

ЗАДУТРЕ СЕ ОТВОРА ЕВЗОНИ: За патување во Грција мора да се почитуваат протоколите

Јужниот сосед задутре го отвора граничниот премин Евзони. 

Грција в среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Македонија, Албанија, Бугарија, Турција. Веста ја соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

За нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), а пак останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини. 

Грција ги објави протоколите, односно правилата кои ќе мора да ги почитуваат патниците што ќе пристигнат во нивната држава. 

Сите лица што влегуваат во земјата мора да приложат пополнет образец за лоцирање на патници (ПЛФ) по нивното пристигнување.

Слично

Поврзани вести