Економија, финансии, бизнис

Контакт

Задолжување повеќе од планираното за финансирање на буџетскиот дефицит

Задолжување повеќе од планираното за финансирање на буџетскиот дефицит

Денес задолжување, а утре раздолжување.

Министерството за финансии утре кај стопанството треба да врати 7,8 милиони евра.

Со цел реализирање на расходите во Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии, како што веќе најави, повлече средства од домашниот пазар на капитал за финансирање на буџетскиот дефицит. 

За да ја покрие разликата помеѓу приходите и расходите, како што е проектиран Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност повлече повеќе средства во однос на сумата која доспева утре за враќање по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност.

Како што најави министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, целта на овие задолжувања е да се обезбедат средства за финансирање на дефицитот по најефтина каматна стапка.

На денешната аукција на државни хартии од вредност беа шестмесечни државни записи со и без девизна клаузула, 12 месечни записи и 15 годишна обврзница.

Слично

Поврзани вести