Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Јавниот долг зголемен, нов товар на грбот на граѓаните, Наумов реагира!

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Јавниот долг зголемен, нов товар на грбот на граѓаните, Наумов реагира!

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов реагира за денешниот заем на Министерството за финансии.

Имено, Наумов го обвини министерот за финансии Кирил Миноски дека јавниот долг на денешната аукција на државни хартии од вредност е зголемен за нови 9 милиони евра.

„Само во месец септември Миноски натовари нови 14 милиони евра долг на граѓаните од задолжувањата на домашниот пазар. Ова е потврда дека министерот за финансии Кирил Миноски ги измами граѓаните кога изјави дека домашното нето задолжување го приближува кон 0(нула)“, стои во реакцијата на дополнителниот заменик.

Инаку Владата денеска се задолжи повеќе од планираното и позајми 44,2 милиони евра,  дури 12 милиони евра повеќе отколку што претходно најави.

Ова задолжување следува откако минатата недела Министерството за финансии ги откажа најавените и планирани аукции со образложение дека тоа е во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула.

Утре, по основ на доспеани обврски кон домашните кредитори, Владата треба да врати 35,2 милиони евра.

Слично

Поврзани вести