ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ЌЕ ИМА КОНТРАЕФЕКТ: Хрватскиот епидемилог Тробоњача предупредува на зголемени хоспитализации, главно на невакцинирани
По празничните
собири може да се очекува зголемување на бројот на заразени со коронавирус,
предупредуваат експертите. Продолжуваат да растат хоспитализациите, а расте и
бројот на оние кои завршуваат на респиратор. Главно невакцинирани.
„Можеме да очекуваме поголем пораст на бројот на заразени, гледаме што се случува во другите земји, особено оние кои го немаа четвртиот бран. Земјите како Данска или Португалија немаа четврти бран, а кај нас ќе има и зголемување на бројот на нови случаи, но можеби не во иста мера како во тие земји“, изјави имунологот Златко Тробоњача за ХРТ.
Тој додава дека немаме доволен број на вакцинирани лица.
„Знаеме дека вакцинацијата штити и од тешки форми на болести и хоспитализација, но со оглед на нивото на вакцинација, сигурно ќе имаме зголемување на хоспитализирањата, потешки форми на болеста, па дури и смрт“, оценува епидемиологот.
Вакцинација со т.н бустер дозата значително помага во борбата против омикрон бидејќи се покажа дека две дози не се доволни, рече Тробоњача, кој ја коментираше и израелската политика, која препорачува и вакцинација со четврта доза за лица над 60 години.
„Оваа четврта доза дефинитивно ќе ги заштити, особено поради фактот дека третата доза, како и првите две, не предизвикаа никакви несакани нуспојави.
Некои земји настојуваат на задолжителна вакцинација за возрасната популација, како Австрија или Чешка, но д-р Тробоњача смета дека тоа ќе придонесе кон поголем отпор кон вакцинирањето против ковид.
„Тоа би била политичка одлука во Хрватска. Јас лично не сум за воведување на задолжителна вакцинација. Верувам дека секој од нас треба да ја прифати вакцинацијата со својот разум, бидејќи знаеме дека вакцинацијата помага да се спречат потешките форми на болеста. Мислам дека наметнувањето на задолжителна вакцинација е прилично навлегување во слободата на луѓето и некои демократски достигнувања. Можеби ова не е добро прифатено, знаеме како реагираат нашите кога нешто ќе им наметнете, кога ќе го присилите на нешто. Може да има контраефект“, заклучи Тробоњача, во гостувањето на ХРТ.
