Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Нов заем од 100 милиони евра, Наумов се закани со вето

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Нов заем од 100 милиони евра, Наумов се закани со вето

Министерството за финансии следната недела планира да се задолжи кај домашните банки со 99,2 милиони евра преку државни записи и обврзници.

Дали новиот заем ќе биде одобрен, зависи од тоа дали дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов ќе го одобри или ќе стави вето.

Претходно Наумов во интервју во емисијата “Вин-вин” рече дека ако не се постигне согласност меѓу него и министерот Ставрески, можно да го употреби неговото право на вето.

Доколку тој го направи тоа, за новото задолжување ќе решава Државната изборна комисија.

Задолжувањето од 100 милиони евра треба да се реализира во вторник и останува нејасно како ќе се спроведе, со оглед на тоа што веќе во првата недела од декември, по основ на допспеани долгови државата треба да врати околу 60 милиони евра.

Новото задолжување доаѓа само по една недела од издавањето на еврообврзницата вредна 270 милиони евра.

Инаку, заклучно со третиот квартал, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9 проценти од БДП.

Слично

Поврзани вести