ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Македонија преку еврообврзница побара 270 милиони евра!
Македонија преку издавање еврообврзница побара 270 милиони евра на меѓународниот финансиски пазар, далеку помалку од она што првично беше најавено.
Според првичните информации станува збор за пет годишна еврообврзница со каматна стапка од 5, 375 отсто, што е повисоко од ланската еврообврзница.
Доколку најавата за издавање на еврообврзница се случи според овие услови, тоа би значело дека Македонија само за камати во наредниот петгодишен период би исплатила 72, 5 милиони евра.
Според доброупатени извори, најверојатно целиот процес ќе заврши до крајот на оваа недела, со што и официјално ќе биде издадена Еврообврзницата. Првично министерството за финансии најави еврообврзница во висина од 500 милиони евра.
Владата, во улога на агенти на државата, веќе ги ангажираше трите банки: Сити груп, Дојче банк и Ерсте банк да го спроведат процесот на издавање на Еврообврзницата. Таа ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза на хартии од вредност.
Слично
