Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖУВАЊЕ КАЈ БАНКИТЕ: Крпен живот со кредити …

ЗАДОЛЖУВАЊЕ КАЈ БАНКИТЕ: Крпен живот со кредити …

Се почести се задолжувањата на граѓаните кај банките за така народски кажано да го закрпат животот.

Банките бележат најголемо зголемување кај потрошувачките кредити кои граѓаните ги земаат за отплаќање на подолг рок.

Последните јунски податоци на НБРМ покажуваат раст на домаќинствата во побарувачката за кредити чиј долг во јуни изнесувал 1,98 милијарди или 160 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Потрошувачките кредити во јуни изнесувале 979,2 милиони евра, а лани, истиот период, 829,43 милиони евра. Наспроти тоа, станбените кредити белажат раст од 50 милиони евра и изнесуваат 452,3 милиони евра.

Најмногу се задолжуваат домаќинства со месечни примања околу 30 000 денари

Граѓаните со плата од околу 30 илјади денари се најзадолжени кај банките, евидентира НБРМ.

Од централната банка посочуваат дека домаќинствата претставуваат значаен должник на банките и другите финансиски институции, одржувањето на нивната способност за отплата на долгот е од особено значење за севкупната финансиска стабилност.

„Во услови на висока побарувачка за банкарски кредити, главно станбени и за потрошувачка, долгот на домаќинствата и натаму расте. Тоа доведе до извесно влошување на дел од показателите за задолженоста на секторот, при забавен раст на расположливиот доход и на финансиската актива“, стои во Извештајот за финансиска стабилност на Република Македонија во 2015 година, што сега го објави НБРМ.

На крајот на 2015, 56,1 проценти од долгот на домаќинстава кон банките или 75,3 проценти од долгот наменет за потрошувачка, бил на оние граѓани чии месечни примања биле до 30.000 денари.

Слично

Поврзани вести