Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: И покрај притисокот на СДСМ, Владата се задолжи со 73 милиони евра

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: И покрај притисокот на СДСМ, Владата се задолжи со 73 милиони евра

И покрај притисокот на опозицијата и ставањето вето од дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов кое беше одбиено од ДИК, Владата денес се задожи за 73, 63 милиони евра.

Инвеститорите понудија 23 милиони помалку од планираните на денешната аукција на државни записи и обврзници.

Имено, ДИК во стариот состав, вчера го отфрли ветото на Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии кој веќе ги предупреди банкарите да не купуваат државни хартии од вредност, да го следат примерот на странските банки кои го почитуваа правилото на врзан потпис.

Лидерот на опозицијата пак денеска на вонредна прес конференција ги повика банките да да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните истакнувајќи дека може да се соочат со потенцијална кривична одговорност и дека сите аукции кои немаат согласност од Наумов ќе бидат предмет на законско третирање.

-Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија. Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг- изјави Заев.

На оваа изјава на лидерот на СДСМ реагираше гувернерот на НБРМ Богов кој пак ги повика партиите да не ги мешаат банките во своите политички битки.

„Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија и нивните идни планови.

Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика“, истакна гувернерот Богов.

Слично

Поврзани вести