Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ: Потрошувачките кредити и картичките – на врвот!

ЗАДОЛЖЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ: Потрошувачките кредити и картичките – на врвот!
Задолженоста на граѓаните во банките расте. Во јули, во однос на јуни таа се зголемила за 23 милиони евра, или заклучно со седмиот месец од годинава, вкупната кредитна задолженос на домаќинствата изнесува 1,8 милијарди евра. Најголем дел од долгот отпаѓа на потрошувачките кредити, кредитните картчки и станбените кредити. Еве колку и по која основ најмногу должат домаќинствата: Потрошувачки кредити: 850 016 259 евра Станбени кредити:          436 642 276 евра Кредитни картчки             200 682 926 евра Или, само по овие три основи задолженоста на граѓаните изнесува 1,5 милијарди евра. “Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за јули покажуваат натамошен раст на вкупните кредити на приватниот сектор, со поумерена динамика во однос на претходниот период, што не е невообичаено за овој период од годината. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во јули изнесува 9% и е во рамки на проекцијата за третиот квартал од 9,8%“, информираат од Народната Банка. Неодамнешната Анкета за кредитната активност на банките покажа дека во периодот што следува не се очекува олеснување на условиет за кредитирање на населението, имено трендот на олеснување на кредитните услови, што почна во 2012 та година, сега значајно забавува. Заклучно со првата половина од 2015 та година банкарите го продолжиле трендот на олеснувањата во делот на каматната стапка за станбените и за потрошувачките кредити, додека останатите кредитни условии за граѓаните главно останале непроменети.    
Слично

Поврзани вести