Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАД НАС СЕ САМО АЛБАНЦИТЕ: Колкава е куповната моќ на Македонците?

ЗАД НАС СЕ САМО АЛБАНЦИТЕ: Колкава е куповната моќ на Македонците?

Македонските граѓани се далеку од куповната моќ која ја имаат граѓаните на ЕУ. 

Куповната моќ на Македонците е околу 40% од европскиот просек. Oва се случува трета година по ред.  На листата зад нас е само Албанија, покажуваат последните податоци објавени од Евростат.

Од регионот Бугарија е на последното, а Хрватска на претпоследното место. 

Куповната моќ на граѓаните на Турција е во постојан пораст, па тие се пред четири членки на ЕУ и скоро пред сите земји од Југоисточна Европа. Просечниот граѓанин на Турција, според податоците на Евростат, има поголема потрошувачка (64 проценти од просечен ЕУ-граѓанин) од граѓаните на Унгарија (63), Романија (61), Хрватска (59), Црна Гора (56), Бугарија (53), Србија (46), Македонија (41), БиХ (41) и Албанија (37).

Новите членки на ЕУ, освен Хрватска, ја намалуваат разликата во однос на развиените земји. Луксембург веќе неколку години е на врвот на овие рејтинг листи со потрошувачката по жител за 32 проценти поголема од просекот во ЕУ. Потоа следуваат жителите на Германија, Австрија, Британија, Финска, Данска, Франција и жителите на другите постари членки на Унијата.

Слично

Поврзани вести