Зачестија кражбите на горива на бензинските во Германија
Зачестија кражбите на горива на бензинските пумпи во Германија.
Независно што скоро сите бензински пумпи во Германија се покриени со постојан видео-надзор, сепак расте бројот на возачи што се дрзнуваат да го наполнат резервоарот на своето возило и да заминат без да платат. Полицијата нема објаснување за оваа појава.
Тенденција на пораст на случаите на кражби на горива е регистрирана и минатата година, односно и пред цената на дериватите драстичното да се зголеми поради кризата во Украина. Германското списание „Билд“ објави податоци дека лани во земјата се регистрирани 5.800 случаи на кражби на горива, што е за 70 проценти повеќе во споредба со 2020 година.
Откако Русија ја почна војната во Украина, скокнаа и цените на горивата.
