Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забуна во Грција – политиката за македонските пасоши останува иста

Забуна во Грција – политиката за македонските пасоши останува иста

Во соседна Грција дојде до забуна по наводната информација на грчкиот портал „Њупост“ дека Владата го менува ставот кон Македонија и ќе ги признае македонските пасоши.

Веста на порталот доаѓа од погрешно толкување на документ од Министерството за внатрешни работи кој се однесува на пасоши од трети земји, а не на Македонија. Документот кој го објави порталот е од 22 август од грчкото Министерство за внатрешни работи и цивилна заштита, до грчката служба за проверка на пасоши, и во него се потенцира дека грчките гранични служби може без проблем да ставаат грчки печат на влез и излез во странските пасоши, односно пасоши од држави од трети земји во кои има печат и од македонските гранични служби.

Од грчкото Министерство за надворешни работи ја демантираа информацијата и велат  дека нема промена на нивната политика во врска со Македонија и македонските пасоши. Со ова останува досегашната пракса да се ставаат печати на посебно ливче се додека не се надмине спорот за името, поради кој Грција не ги признава македонските пасоши.

Слично

Поврзани вести