Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрзан раст на индустриското производство

Забрзан раст на индустриското производство
Индустриското производство во Македонија во мај годинава, во споредба со истиот месец лани, забележа раст од речиси 10%. Поточно, според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во овој период на годишно ниво се зголемило за 9,7%. Според главните индустриски групи, производството во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година,бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4%, Капитални производи за 77.0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.7%. Притоа, гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 13.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26.1%.
Слично

Поврзани вести