Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрза кредитирањето во еврозоната

Забрза кредитирањето во еврозоната

Кредитирањето на домаќинствата и претпријатија во еврозоната е забрзано во ноември, соопшти ЕЦБ.

Обемот на банкарски позајмувања кои во ноември се одобрени на домаќинствата во еврозоната пораснал за 1,9 отсто на годишно ниво, а во споредба со растот на кредитирање од 1,8 отсто од октомври додека кредитирањето на претпријатијата пораснало за 2,2 отсто, што е повеќе во однос на растот од 2,1 отсто од октомври, пренесе Франс прес.

Главниот економист на компанијата IHS Markit, Хауард Арчер, ги нарекол најновите податоци „поволни вести за ЕЦБ“.

„ЕЦБ посебно ќе го поздрави забрзувањето на стапката на раст на кредитирање на претпријатија во еврозоната на петгодишен максимум во ноември“, рекол Арчер.

Слично

Поврзани вести