Забрчанец: Демократијата е сведена само на гласање за избори
Граѓаните се извор на суверенитет, а демократијата не е можна без активни и сложни здружени луѓе.
Ова се пораките од протестот што денеска ги изнесоа околу стотина претставници од граѓанската политика „Ајде“ кои седејќи на столче пред Собранието на Република Македонија демонстративно побараа „враќање на слободата и демократијата во рацете на граѓаните“.
Демонстрантите побараа од партиските елити да дозволат поголемо учество на граѓаните во креирањето на политичките програми и поголем слух за барањата на обичните луѓе.
Платформата „Ајде“ претставува неформална но организирана група на слободумни поединци со различни идеи, која сака да ги зајанке и здружи расцепканите демократски сили во земјата.
„Денес Македонија е сиромашна неправедна и се позатворена земја. Денес демократијата е сведена само на гласање на избори. Граѓаните имаат право да учествуваат во политичкиот живот, а при тоа да не мора да се членови на ни една партија. „Ајде“ има намера сериозно да се занимава со враќањето на политиката кај граѓаните и да не дозволи во Македонија партиите да ја окупираат политиката“, порача пред присутните Марјан Забрчанец.
Слично
