Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрането пушење на цигари на плажа во Грција: Еве која е таа

Забрането пушење на цигари на плажа во Грција: Еве која е таа

Грција почнува да забранува пушење цигари на плажи, за прв пат во цела држава но и прва во групата острови Киклади плажата Ваја на Серифос забранува пушење на цигари.

Мерката беше најавена во пресрет на Светскиот ден за борба против пушењето цигари.

Но исто така, на оваа мерка се одлучиле и поради тоа што при чистење на бреговите во претходните години е утврдено дека токму отпушоците сочинуваат најголем дел од отпадот и дека со тоа ја загрозуваат природата, која на тој остров и така е веќе загрозена.

Овае предвидено да биде пилот програма и да се отпочне токму од плажата Ваја која е најзагрозена од отпушоците. Воедно се следи и примерот на Франција и Шпанија за да се спречи загадувањето на морето.

На плажата Ваја ќе има инструкции кои всушност ќе бидат контролирана зона за пушачи, каде ќе се наоѓаат пепелници со испишани пораки за заштита на околината, како и соодветени знаци со информации.

Фото - Bun Chrea Travel&Tours

Слично

Поврзани вести