Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забранет влез за Срби во клубови на Закинтос

Забранет влез за Срби во клубови на Закинтос

Некои клубови на островот Закинтос во Грција им забранија влез на српските туристи, откако се случи убиството на Американецот, Бакари Хендерсон.

„Вечерни новости“ пишува дека клубот „Бар-код“, во кој се случи убиството, два месеци подоцна важи за најбезбеден локал на островот.

Весникот наведува дека клубот најмногу го посетувале српски туристи.

Очевидци на настанот велат дека причина за тепачката e тоа што девојка што работела во клубот се напила пијалак со Хендерсон.

По убиството на студентот од Остин, Тексас, на 7 јули, беа уапсени девет лица. Од нив двајца се ослободени, петмина се во притвор во Грција, а двајца се бранат од слобода.

Судењето ќе биде во градот Партас.

Слично

Поврзани вести