Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забранет штрајк за грчките професори

Забранет штрајк за грчките професори
Професорите кои предаваат во средните училишта во Грција ги повикаа двата главни синдикати во земјата, да ја поддржат нивната кауза, откако владата најави граѓанска мобилизација со цел да ги спречи професорите да штрајкуваат за време на приемните испити за запишување на факултет, пишува грчкиот весник “Катимерини“. Синдикатот на професорите ја критикуваше одлуката на владата да ги принуди професорите да останат на работното место. Тие ги повика  сите членови на синдикатот вечерва да се соберат на плоштадот “Синтагма“ за да го изразат своето незадоволство. Синдикатото на професорите ги повика двата најголеми синдикати АДЕДИ и ГСЕЕ да свикаат генерален штрајк во петок во знак на солидарност со професорите. Професорите од средните училишта планираат да започнат штрајк во петок, кога почнуваат приемните испити за на факултет. Планирана е исто така петдневен штрајк за следната недела.  
Слично

Поврзани вести