Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забраната за работа во недела ќе донесе до 7.000 откази

Забраната за работа во недела ќе донесе до 7.000 откази

Последиците од забраната за работа во недела ќе доведат до намалување на бројот на вработени во малопродажбата, ќе има директно негативно влијание на растот на БДП и препораката е Владата да се откаже целосно од оваа мерка. Ова го советува економистот Вук Вукановиќ во истражувањето „Што носи забраната за работа во недела“, пишува index.hr. 

Во организација на фирмата Oraclum Intelligence Systems, Вуковиќ го претстави истражувањето, а во расправата учествуваа и економистите Андреј Грубишиќ и Велимир Шоње. 

Во јули годинава Владата во Хрватска даде предлог за забрана на работа во недела, со измени на Законот за трговија. 

Вуковиќ вели дека наративот на Владата се темели на тоа дека треба да се почитуваат правата на работниот во склад со традицијата, а потрошувачката ќе се прелее во другите денови. 

ВО ХРВАТСКА 7 ОТСТО ОД ЛУЃЕТО РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА

„Првиот аргумент за почитување на традицијата, освен што е неконзистентен (опфаќа само една третина од оние кои работат во недела, со што им прави директна штета) оди во корист на големите трговски ланци наспроти малите и го нарушува загарантираното уставно право на слободно пазарно натпреварување. Во Хрватска 7 отсто од луѓето работат во недела, а 23 отсто работат во недела само во текот на сезоната. Со тоа воведувањето на неработна недела не ја оправдува својата цел“, вели Вуковиќ. 

Наведува дека дел од тие луѓе работат во објекти кои ќе бидат изземени со законот.  Додава дека оваа мерка ќе опфати севкупно околу 35.000 работници. 

СПОРЕДБА СО ЕУ

Во средба со ЕУ, вели дека Хрватска е на самото дно по бројот на работници кои работат во недела. 

Просекот на Унијата е 11.6 отсто, додека во земји како Германија и Австрија, во недела редовно работат 9.8, односно 13.2 отсто. Вели дека во Хрватска за време на туристичката сезона се зголемува бројот на луѓето кои работат во недела. 

МАЛИТЕ ТРГОВСКИ КОМПАНИИ СЕ НА РАБ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ

Економистот вели дека од оваа мерка најпогодени ќе бидат малите фирми, кои се во сопственоста на едно семејство и каде газдата си работи сам. Додава дека тие ќе изгубат 36 работни недели и прашање е како тоа ќе се одрази на нив. Смета дека малите фирми ќе бидат дискриминирани во однос на големите трговски ланци. Вуковиќ вели дека потрошувачката нема да се надомести во сабота или понеделник, туку ќе се пренасочи во други трговски ланци кои се отворени.  Големите нема да трпат загуби, туку ќе се прилагодат. 

Целиот текст на index.hr. 

Слично

Поврзани вести