Заборавете на компјутерите доаѓа нова ера
До крајот на 2020 година 70% од глобалниот мобилен сообраќај на податоци ќе доаѓа од телефоните. Тоа го открива новиот извештај на Ericsson, посветен на мобилната технологија.
Според него, се очекува сообраќајот на податоци преку мобилни уреди да расте со околу 40 отсто на годишна основа. Главните мотори на овој процес ќе бидат зголемувањето на бројот на мобилни телефони и порастот на потрошувачката на податоци од корисниците, покажува новиот Ericsson Mobility Report, претставен на Mobile World Congress во Барселона.
На Азиско-пацифичкиот регион ќе изнесува околу 50% од smartphone сообраќајот до крајот на 2020 година и тоа ќе биде регионот, кој ќе има најголем удел во размената на податоци. Повторно до 2020 година 55% од целиот мобилен сообраќај на податоци ќе доаѓа од видео содржини.
Во 2014 година, 15% од сообраќајот на мобилни уреди е од социјалните мрежи, а според Ericsson Mobility Report овој процент ќе се задржи и во следните пет години.
Денес меѓу 40 и 60 отсто од видео сообраќајот доаѓа од YouTube, открива извештајот. Тој наведува дека потрошувачите се повеќе преферираат користење на мобилни апликации пред традиционалното сурфање на мрежата од компјутер.
Како резултат на сите овие трендови се забележува дека музичкиот стриминг исто така добива сили, но сообраќајот кај него е ограничен од различни фактори, вклучувајќи ја можноста за офлајн слушање на плејлисти. Сепак се очекува аудио сообраќајот да се зголемува заедно со мобилниот сообраќај во наредните пет години.
Анкетата покажува уште дека бројот на мобилните широкопојасни претплати ќе се зголеми значително во 2015 година и треба да се зголеми значително во текот на следните години. Само во 2014 година има 800 милиони нови смартфон претплати низ целиот свет.
Се очекува до 2020 година 90% од сите претплати да бидат за мобилен широкопојасен интернет. Една од главните причини за тоа е фактот дека корисниците ќе ги заменат своите стари мобилни уреди со мобилни телефони и ќе имаат корист од новите можности кои тие ги обезбедуваат.
Извештајот покажува дека 80% од новите мобилни претплати додадени во периодот 2015 - 2020 година, ќе дојдат од азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток и Африка. До крајот на 2020 година повеќето мобилни претплати ќе се HSPA / GSM со достапен LTE во сите региони.
К.К.
Слично
