Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забележително зголемување на извозот на Македонија во однос на лани

Забележително зголемување на извозот на Македонија во однос на лани

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува 109 008 586 илјади денари и бележи пораст од 14.3 % во 
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2018 година,  изнесува 147 867 914 илјади денари што е за 11.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува 38 859 328 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесува 73.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите 
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од 
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 Во периодот јануари-април 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.



Слично

Поврзани вести