Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забележан пад на продажбата на „Нестле“ и „Кока Кола“

Забележан пад на продажбата на „Нестле“ и „Кока Кола“

Швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ денеска објави дека во првите шест месеци од годинава забележа пад на продажбата за 4,1 отсто, по падот oд 4,3 отсто. забележан во првите три месеци од годинава. Според компанијата, ваквите резултати се последица на слабите резултати во Европа.

„Растот беше малку пригушен под влијание на намалувањето на цените на нашите пазари, бидејќи настојуваме да ги ускладиме нашите производни трошоци со очекувањата на денешните потрошувачи“, соопшти компанијата која ја намали својата проценка на годинашниот раст на продажбата на 5 проценти од планираните 6 отсто.

И компанијата „Кока Кола“ денеска објави дека во првото полугодие од годинава забележала пад на продажбата за 2 отсто. Растот во пазарите во развој од 2 отсто не успеала да го надомести со падот од 6 проценти во пазарите каде компанијата е етаблирана, особено во Грција и Австрија.

Приходите од продажба на „Кока Кола“ во овој период изнесуваат 1,95 милијарди евра.

Последните податоци на „Евростат“ се дека прометот во малопродажбата во Европа во јули се намали за 0,9 отсто. Најголем пад на прометот во малопродажбата е забележен во Шпанија за 6,9 отсто на годишно ниво, во Словенија за 3,6 проценти и Романија за 3,1 отсто.

Слично

Поврзани вести