Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАБЕГАНО ПРАШАЊЕ НА ЕКСТЕРНО: Желудникот лачи Кока-колин?!

ЗАБЕГАНО ПРАШАЊЕ НА ЕКСТЕРНО: Желудникот лачи Кока-колин?!
Хартијата велат трпи се, па и екстерните прашања станаа предмет на големи исмејувања во јавноста, бидејќи меѓу нив има навистина големи глупости. Но, ако е точно следново што го објави средношколскиот пленум, тогаш работава изгледа ептен забегана. Од Средношколскиот пленум објавија слика од прашање на екстерно албански јазик за кое велат дека било поставено на учениците, кое гласи: Желудникот лачи: -швепсин -пепсин -кока-колин -фантин Средношколскиот пленум му се обрати на Министерот Абдулаким Адеми, по повод серијата неочекувано неинтелигентни прашања што се појавија на екстерното тестирање. „На грешните прашања никако да им дојде крај. МОН, ви тврдевме и се убедувавме дека технички проблеми постојат, дека прашањата не се во ред. нема понудени одговори, понудените одговори не се точни, меѓутоа вие не сакавте да слушате. Егото и ароганцијата ве удрија во глава. Само затоа што сме деца, не значи дека е со закон забрането да ни се признае дека сме во право. Нашите аргументи беа невидливи за вас. Се надевам дека фотографиите кои секојдневно ги објавуваме ќе бидат видливи.
Да ве потсетиме дека тоа ваше его, таа ваша ароганција и глувост за нашите барања и молби, оштети и ќе оштети генерации и генерации. За што? За министерска позиција. С Р А М О Т А.“, се вели во обраќањето на средношколците.
Слично

Поврзани вести