Забавува економијата во Европа
На европската економија не и оди добро. Податоците на Евростат покажаа дека економската активност во ЕУ и еврозоната нагло забави во четвртиот квартал лани. Виновник за оваа состојба е омикрон и неговото ширење.
Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на ЕУ порасна за само 0,4 отсто во однос на претходните три месеца, кога имаше раст од 2,2 отсто.
Најмногу порасна економијата во Шпанија и тоа за два отсто. Зад неа се Португалија и Шведска со раст на активноста во четвртиот квартал од 1,6 односно 1,4 отсто, во однос на периодот јули до септември. Француската и италијанската економија нагло забавија, на 0,7 и 0,6 отсто. Пад има во Германија, Австрија и Летонија.
foto freepik.com
