Забави растот на платите во повеќе европски земји
Платите во еврозоната во третиот квартал од 2025 година пораснаа со најбавно темпо во последните три години.
Растот на заработки по час во Еврозоната значително забави во споредба со вториот квартал од 2025 година, кога изнесуваше 3,7 проценти на годишно ниво.
Ако ги погледнеме најголемите економии на Еврозоната, годишниот раст на платите значително се забави во Германија, од 4,2 проценти во вториот квартал од 2025 година на 3,6 проценти, како и во Франција, од 1,4 проценти на 1,3 проценти, Италија, од 3,4 проценти на 2,4 проценти и Шпанија, од 3,4 проценти на два проценти.
Заработката по час најбрзо порасна во Бугарија за 12,4 проценти на годишно ниво, Литванија за 9,7 проценти, Хрватска за 9,1 процент и Унгарија за 8,8 проценти.
Во еврозоната, трошоците што не се дел од заработката се зголемија во третиот квартал од 2025 година за четири проценти на годишно ниво, се додава во извештајот на веб-страницата на Евростат.
Станува збор за социјално и здравствено осигурување што го плаќа работодавачот, даноци и придонеси кон заработката, како и трошоците за обука и стручно усовршување како што се курсеви, семинари и обука на вработените.
foto freepik.com
